Евгениј Новак на 34 години одлучи да стави крај на кариерата, да замине во фудбалска пензија. Оваа вест тој ја сподели на своите социјални мрежи.
Секако дека сите се сеќаваме на фантастичниот стопер од Украина, на Новак, кој беше еден од најдобрите во Вардар во таа златна генерација која просто доминираше во мак – фудбалот во минатата деценија а во 2017 година играше и во групната фаза во Лигата на Европа.
Новак беше неизоставен „шраф“ на вардаровата машина од 2015 до 2020 година, миленик на фановите, секогаш го даваше својот максимум за Вардар, голем, голем борец и пред се голем Вардарец.
Новак се пензионира како фудбалер на Колос од Украина, претходно, покрај за Вардар играше и за екипите на Динамо Киев, Волин, Севастопол.