Кој ќе каже дека прес службите на нашите клубови, во овој случај второлигашот Вардар Неготино, немаат смисла за малку хумор.
Па така на офијалниот ФБ профил на клубот, при промоцијата пишува дека нови играчи на Вардар Неготино се Дарко Алексовски Пеле и Мартин Димовски Робен.
Урнебесно, пред се интересно.
Вардар Неготино и на двајцата, на Пеле и Робен им посакува успех и добри игри.
Инаку и двајцата доаѓаат од Детонит Плачковица.