Шпанска „Марка“ уште синоќа објави дека португалскиот репрезентативец од екипата на Манчестер Сити, Бернардо Силва има големи шанси новата сезона да ја започне како фудбалер во шампионатот на Саудиска Арабија.
Според весникот, играчот од средниот ред на Манчестер Сити е блиску до финализирање договор со засега се уште неименуван клуб од саудиската Премиер лига, со што ќе стане уште една европска ѕвезда која следната сезона ќе настапува во тамошното првенство.
Претходно беше објавено дека 28-годишниот фудбалер би сакал да остане во Европа, но е подготвен да ги разгледа сите опции. Понудата која стигнала до неговиот агент за трансфер на Блискиот Исток веројатно го натера сериозно да размисли за овој потег. Силва е во Манчестер Сити од 2017 година.