Летниот преоден рок за Челзи ќе биде многу активен. Веројатно овој пат ќе има многу помалку купени, отколку продадени играчи. Практично, „чистката“ која Тод Боли ја најави, веќе започна со првите трансфери на фудбалерите на „сините“ најавени оваа недела. Истата ќе продолжи и најверојатно ќе опфати и до 15 играчи од составот кој ја заврши оваа сезона.
Главниот тренд ова лето во Челзи е преселба во Саудиска Арабија. Веќе има четворица фудбалери од Челзи кои заминаа за оваа блискоисточна земја. За оние неупатените ова можеби изгледа чудно, но сепак, добро е да се знае дека компанијата „Клирлејк Капитал“ која поседува околу 60% од Челзи е во добри односи со саудискиот инвестициски фонд ПИФ, кој се занимава со набавки на играчи за неколку тамошни клубови.
Калиду Кулибали е нов играч на „Ал Хилал откако се договорил за личните услови од договорот со новиот клуб, а Челзи ќе добие околу 25 милиони евра за неговата слобода. Голманот Едуард Менди оди исто така во Ал Хилал, но засега нема вести за сумата која Челзи ќе ја добие за неговата слобода.
Нголо Канте ќе биде нов член на Ал Итихад, откако одби да остане во клубот иако Челзи му понуди нов договор. Хаким Зијех одамна се зборуваше дека ќе си оди од Лондон, па ја искористи ова алетна шанса и лудите понуди од Блискиот Исток да прифати трансфер во Ал Наср каде веќе договори личен договор, а Челзи за него ќе добие околу 10 милиони евра.
На листата на фудбалери кои најверојатно летово заминуваат од синиот дел на Лондон се и Обамејанг, кој исто така преговара со екипи од С. Арабија, Рубен Лофтус-Чик, кој беше пред трансфер во Милан, но поради промена на директорите во италијанскиот клуб трансферот пропадна. За него сега е заинтересиран Интер. Кристијан Пулишиќ исто така сака во Италија и негов следен клуб по се изгледа ќе биде Јувентус. Ромелу Лукаку не сака да се врати во Челзи и инсстира да остане во Интер со траен договор. Калум Хадсон-Одои исто така има понуди од две екипи од Саудиска Арабија, додека Мејсон Маунт по се изгледа ќе се сели на „Олд Трафорд“ во дресот на Манчестер Ј. Матео Ковачиќ веќе го затвори договорот вреден за 25 милиони фунти со Манчестер Сити (Челзи може да добие уште 5 милиони фунти како бонуси), а Конор Галагер би можел или во Њукасл или во Вест Хем. Каи Хаверц неочекувано оди за Арсенал.