Добра игра и победа на Шкупи од 2:1 попладнево во Болу (Турција) на првиот контролен тест во текот на подготовките, и тоа против Херманштад, член на романската елитна лига. Двата гола за нашиот тим биле дело на Трапановски. Инаку стратегот Чихат Арслан им дал шанса на повеќе свои играчи, впрочем токму и затоа овие пријателски мечеви служат.
Да споменеме дека чаирчани во Болу се подготвуваат за европска сцена, а во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции се среќаваат со Хегелман од Литванија.
Следниот пријателски меч Шкупи ќе го игра против Егнатија (Албанија) на 26 јуни.