Размрдано е во таборот на Брегалница во овој период. Откако со неколку играчи “сините“ се разделија, сега е време за нови имиња. Па така, како што велат нашите информации, пред потпис се двајца интернационалци од Костарика и Панама. Интересно тие во Штип доаѓаат од ист клуб, од Футбол Консултанс Декампаредос од Костарика.
Првиот е Фабрицио Венегас, играч за врска, Костариканец кој има 23 години.
Додека вториот е Џамал Дикенс, од Панама, инаку класичен дефанзивец и има само 20 години. И двајцата се млади, ако се биде како што треба тогаш тренеро Горан Здравков ќе добие квалитетни интернационалци.