Семејството Глејзер, кои се сопственици на англискиот гигант Манчестер Јунајтед, наводно, повеќе не сака да го задржи уделот во клубот, оставајќи го Шеикот Јасим како фаворит пред Сер Џим Ретклиф во битката да станат нови сопственици на клубот од „Олд Трафорд“.
Во текот на процесот беше објавено дека Џоел и Аврам Глејзер сакале да останат во Јунајтед во одредено својство со помал удел, а токму поради таа причина, понудата на Ретклиф, која ќе им овозможи на Глејзерс да ги задржат акциите во клубот пред да ги продадат подоцна, извесно време се сметаше за најпосакувана опција.
Но, според „Фајненшл Тајмс“ тие сега се подготвени да се откажат од целиот свој удел во клубот, што сугерира дека му даваат „пас“ за купување на клубот на шеикот Јасим.
Понудата на Катарецот за целиот клуб се смета дека е околу 5,5 милијарди фунти и сега најверојатно го први голем фаворит во трката за нов газда на клубот.