Баерн го претстави Рафа Гереиро

93

Баерн доби големо засилување во своите редови, а се работи за португалскиот репрезентативец Рафаел Гереиро кој дојде како слободен фудбалер откако му истече договорот со Борусија Дормунд. Договорот на Гереиро со Баерн е до 30 јуни 2026 година.
Гереиро долго време беше првотимец на Борусија Дортмунд, но тој не сакаше да го продолжи договорот со „милионерите“. Одлучи да си замине, па го одбра германскиот шампион. Тој минатата сезона одигра 36 натпревари постигна шест гола и запиша 14 асистенции.
А Борусија Дортмунд го напушти уште еден фудбалер, а тоа е Махмуд Дауд кој премина во Брајтон како слободен играч.

ПретходноПелистер во последниот шешир пред ждрепката во ЛШ
СледноРустемовски и Озмен елиминирани на стартот на ЕИ