Хадис Таири, капитенот на У18 репрезентацијата на Македонија е нов фудбалер на шампионот Струга ТЛ. Се работи за 18-годишен играч кој во Струга доаѓа од соседниот Охрид Лихнидос. Потпишан е договор на четири години.
Тој е најмладиот член на Струга, а може да игра како лево крило или како лев бек. Инаку тој е дете на Струга, а потоа играше за Њу старс од Скопје, како и за Велешта, а од 2022 за Охрид. Според тренерот Шпетим Дуро се работи за играч со голем потенцијал и е добро засилување за екипата.