Пелистер во последниот шешир пред ждрепката во ЛШ

280

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави шеширите пред ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Еурофарм Пелистер е класифициран во третиот шешир заедно со Порто на Никола Митревски.

Прв шешир: Барселона, Кил, ПСЖ, Киелце, ГОГ Гудме, Веспрем.

Втор шешир:Магдебург, Висла Плок, Монпелје, Алборг, ПИК Сегед.

Трет шешир: Еурофарм Пелистер, Порто, Колштад, Целје Пивоварна Лашко, ППД Загреб.

Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите е предвидена во вторник на 27 јуни во 11:00 часот во Виена. Групната фаза почнува на 13/14 септември.

ПретходноШкупи пред потпис со Суад Сахити!
СледноБаерн го претстави Рафа Гереиро