Шок за Грција, на СП без најдобриот!

454

Според грчки „Спортал“, најголемата ѕвезда, Јанис Адетокумбо речиси сигурно нема да игра на претстојниот Мундобаскет.

Причина за ваквата одлука на центарот на Милвоки Баскија и двократниот МВП на најсилната лига во светот се проблемите со ногата и повредата која ја мачи веќе извесно време.

Отсуството на Јанис би му направило огромен проблем на селекторот Димитрис Итудис, бидејќи комплетната игра на Грција се базира на квалитетите на еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Покрај Јанис, Грците на Мундобаскетот ќе останат и без искусниот плејмејкер Костас Слукас, кој изрази желба летово да паузира од репрезентативните обврски.

На претстојниот Мундобаскет чиј домаќин ќе бидат Филипините, Јапонија и Индонезија, Грција ќе игра во групата Ц заедно со САД, Јордан и Нов Зеланд.

ПретходноДодека трае европската неизвесност, Вардар се раздели со уште еден играч!
СледноМакедонија ќе игра финале на Били Џин Кинг купот