Ал Хилал преговара со тренерот на Фулам

99

Саудсискиот клуб Ал Хилал е во преговори со тренерот на Фулам, Марко Силва. Според информациите пласирани во медиумите, клубот од Саудиска Арабија на 45-годишниот Португалец му понудил договор со висока плата. Воедно, лондонскиот тим не сака да е раздели од тренерот и е подготвен да потпише нов долгорочен договор со него.

Битката за потписот на Силва очигледно ќе потрае, затоа што агентот на Силва и натаму е во инензивни разговори со двете страни. Силва е на чело на Фулам од јули 2021 година, а во сезоната 2022/23 тимот под негово водство го зазеде 10. место во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Португалецот со лондонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2024 година.

ПретходноСопствениците од Челзи купија клуб од француската Лига 1
СледноОчекувано: Сан Антонио го избраа Вембањама како прв пик на НБА драфтот