Билиќ веројатно ќе му биде тренер на Манев во Адана, Бенитез промовиран во Селта!

156

Секако дека играчите се најинтересни кога станува збор за трансферите, но денеска се најавуваат, а има и промоција и на двајца истакнати тренери.

Хрватот Славен Билиќ прво се најавуваше како нов селектор на БиХ, но попладнево медиумите во Турција наголемо пишуваат дека тој ќе го преземе тимот каде што игра нашиот репрезентативец Јован Манев, а тоа е Адана Демирспор.Image

Исто така попладнево од Шпанија доаѓа веста дека Рафа Бенитез има нов клуб, а тоа се Селта Виго. Во годината кога клубот го прославува стотиот роденден, раководството на Селта на своите фанови им го честита истиот со ангажманот на екс стратегот на Ливерпул, Валенсија, Интер, Челзи, Наполи, Реал Мадрид, Њукасл, Евертон…

ПретходноШампионот на првата контрола одигра 2:2 против Балкани!
СледноУЕФА не простува: Осасуна и официјално е исфрлена од Европа!