Очекувано, ако се знае дека за тренер на Воска беше донесен Црногорецот Миљан Радовиќ. Па така по него прво беше ангажиран Никола Стијеповиќ а денеска уште еден Црногорец, Алекса Марушиќ. Очигледно е дека дебитантот во Првата лига полека но сигурно станува црногорска “колонија“, ако се знае дека засега има во своите редови тројца Црногорци.
Инаку Марушиќ има 24 години, игра на позицијата напаѓач, а досега играл во екипите на Дечиќ, Младост ГАТ, Сутјеска…