Додека трае европската неизвесност, Вардар се раздели со уште еден играч!

5662

Екипата на Вардар во следната сезона нема да изгледа ниту одблиску како оваа. Додека и натаму трае неизвесноста, бројот на играчите кои си заминуваат од ден во ден станува поголем отколку оние што ќе останат. Покрај ова раководството на клубот потпишува имиња, кои се далеку од вистинско освежување на тимот, дел од нив не играле минатата сезона, а ниту пак имаат некое големо искуство.

Покрај Филип Талески и Куни Моралес, списокот на ракометари кои ќе си одат е поголем од она што до сега е потврдено. Дејан Манасков, ќе бара трансфер надвор, тука е Бразилецот Леонардо Дутра.

Најновото е Јан Чувара, на кого раководството на клубот не му го продолжи договорот. Повредата на лигаментите ги променило околностите, па ќе мора да бара друга средина.

Засега нема потврда, но и Мартин Томовски треба да биде еден од оние кои во новата сезона ќе се врати во странство. Репрезентативниот голман има потенцијал кој мора да се искористи во посилен тим и посилна лига, бидејќи Вардар 1961 не е сигурен за Европската лига, а доколку не настапува тука, ќе му остане само домашниот шампионат. Статусот на сеха-лигаш го изгуби, откако заврши на третото место. За регионалното натпреварување, сепак постојат надежи бидејќи Вардар е еден од основачите, па можеби токму затоа ќе добие вајлд-карта.

Она што доаѓа како најава не е потврдено и официјално, освен Сефан Петриќ.

Што се однесува за оние кои ќе останат, од домашните Гоце Георгиевски е под договор, Борко Ристовски по враќањето во странство најави дека неговата цел е да се сочува Вардар и квалитетот. Тука е Стојанче Стоилов, кој исто така ги држи конците на тимот, тој е најголемата движечка сила. Секако тука се и младите ракометари, кои ќе имаат шанса да созреваат преку поголемата минутажа, која пред неколку години за нив беше минимална.

ПретходноНдерим Неџипи од семејни причини го напушти Балкани, ќе биде нов спортски директор на Маниса!
СледноШок за Грција, на СП без најдобриот!