ИОК не ја признава Светската боксерска асоцијација (ИБА)!

60

По Летните олимписки игри во Токио, Меѓународниот олимписки комитет и го одзеде правото на Светската боксерска унија да организира турнири, а сега стигна уште построга казна. ИОК информираше дека поради тоа што организацијата на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) нема спроведено реформи во менаџментот, финансиите и етичките прашања, оваа организација е непризнаена во меѓународни рамки.

ИБА, чии претставници оваа одлука на ИОК ја нарекоа „страшна грешка“, се обиде преку Судот за спортска арбитража во Лозана да добие правда, но нивната жалба беше одбиена. ИОК за првпат ја суспендираше ИБА пред четири години и и забрани да организира настани. Боксот ќе биде дел од Игрите во Париз, со тоа што квалификациите и самиот турнир ќе се одвиваат под надзор на Меѓународниот олимписки комитет.

ПретходноБоксерите Атила и Рустемовски денеска во рингот на ЕИ во Краков
СледноМбапе може во Реал, но само ако Перез е подготвен да плати 250 милиони евра!