Карваљо од Ливерпул на позајмица во РБ Лајпциг

90

Офанзивниот играч за врска на Ливерпул, младиот Фабио Карваљо кој беше доведен на „Енфилд“ со големи очекувања, ова лето ќе го напушти тимот на „црвените“. Според информациите потврдени од повеќе медиуми, Ливерпул ќе го испрати својот млад играч на позајмица во германски РБ Лајпциг.

По долги преговори, „црвените“ се согласиле да му дозволат на својот играч да стекне искуство во странство. Португалецот дојде во тимот на Јирген Клоп од Фулам, но неговата прва сезона во тимот на „црвените“ не беше на посакуваното ниво. Карваљо доби премалку шанси да се појави во првиот тим, па оттука и не успеа да се докаже кај Клоп.

Се очекува трансферот да биде објавен следната недела.

ПретходноПо очајните резултати, селекторот на Босна доби „клоца“!
СледноПендаровски ги одликуваше истакнатите великани и легенди во македонскиот спорт (ФОТО)