Ѕвездата на ЛА Клиперс, Каваи Ленард, беше подложен на процедура за „чистење“ на коленото на почетокот на овој месец, откако го скина менискусот за време на плеј-офот.
Според лекарите, операцијата минала добро, па сега пред Ленард ќе биде период од околу 8 недели за комплетна рехабилитација.
Според претседателот на кошаркарските операции на Клиперс, Лоренс Френк, Ленард се чувствува „одлично“ и треба да биде подготвен за тренинг-кампот во октомври.