Оваа сезона за нашите европски претставници е многу значајна, но за нашиот севкупен клупски ранкинг е уште позначаен. Имено ако во сезоната 2023/24 екипите Струга ТЛ, Македонија ЃП, Шкендија и Шкупи не направат нешто позначајно во своите настапи, тогаш повеќе од сигурно е дека за сезоната 2025/26 Македонија ќе остане без едно место во квалификациите во Лигата на Конференции, па место три ќе имаме само два претставника.
Она што се најавуваше со месеци наназад, сега е и официјално откако УЕФА ја потврди ранг листата а Македонија се наоѓа на 52-то место.
Имено земјите кои што се во ТОП-5 ќе имаат најмалку по 4 претставника во ЛШ, додека оние во ТОП-12 ќе имаат по две екипи во ЛЕ. Земјите кои што се во ТОП-15 ќе имаат по 2 екипи во ЛШ, додека оние во ТОП-33 ќе имаат по една екипа во ЛЕ, и оние кои што се во ТОП-50 ќе имаат по три екипи во ЛК.
Тоа значи дека спасот ние само добра европска сезона нашите четири екипи во сезоната 2023/24 во фудбалска Европа и со тоа повторно да влеземе во ТОП-50.