Како замена за сега веќе заминатиот од клупата на Олимпик Мареј, Игор Тудор, управата на клубот реши да го ангажира искусниот шпанец Марселино Гарсиа Торал.
Договорот кој ќе биде потпишан е со важност до 2025 година, а Марселино седнува на една од нај „жешките“ клупи во Европа. Се знае колку е тешко да се води клуб како Олимпик пред се поради притисокот, и поради навивачите.
За Марселино ова е прво тренерско искуство надвор од Шпанија, каде ги водеше досега, Севиља, Рекреативо, Расинг Сантандер, Виљареал….