Женската младинска репрезентација на Македонија го запиша вториот пораз на турнирот „Четири нации“, кој се одржува во Дабас. Во далеку подобра игра, избраничките на Јулијана Дамческа беа совладани со 26-21.
По 10-10 на одморот, Македонија дојде на плус два (14-12), нешто подоцна беше и 16-13. Од овој момент темпото почна да паѓа, Холандија направи пресврт, поведе со 17-18, а во последните десет минути целосно ја превзема контролата.
Најдобра во Македонија беше Марија Јанкуловска со пет гола, по четири постигнаа Бојана Коцева и Теодора Дукоска.