Младиот германски репрезентативец Јусуф Мукоко ги осуди расистичките навреди упатени кон него и соиграчот Џеси Нганкам на социјалните мрежи. Двајцата промашија пенали во двобојот со Израел на ЕП У21 кој заврши со реми (1:1).
„Кога ќе победиме, тогаш сме Германци, а кога ќе изгубиме тогаш не нарекуваат мајмуни. Џесик ги доби, исто и јас. Таквите работи не се дел од фудбалот“, рече 18-годишниот Мукоко, кој е роден во Камерун, а е член на Борусија Дортмунд.
„Не промашуваме намерно, пробуваме да помогнеме на тимот. Страшно и одвратно е кога ќе добиете вакви пораки. Мислам дека е време да се спротиставиме на ваквите појави. И тоа сериозно“, додаде Мукоко.
Дома Меѓународен фудбал ЕП/СП Мукоко лут: Кога ќе победиме, тогаш сме Германци, а кога ќе изгубиме...