Ндерим Неџипи, некогашниот наш репрезентативец не е веќе спортски директор на Балкани, шампионот на Косово. Тој изненадувачко одлучил да си замине, по една година престој во клубот со кој имаше големи успеси, неговиот тим лани играше во групната фаза во Лигата на Конференции откако го елиминира нашиот Шкупи во плеј – офот.
Оваа разделба ја потврдија и од страна на раководството, а се наведува дека Неџпи си заминал од семејни причини.
Секако дека Балкани му се заблагодарува не целиот придонес на Ндерим во изминатиот период.
Како што дознаваме, екс фудбалерот на Шкупи, Вардар, Работнички, Шкендија кој во последните години со успех работеше во клубови од Албанија, ќе биде нов спортски директор на Маниса, клуб од Турција.