Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија со „Медал за заслуги“ ги одликува великаните кои придонеле за афирмација на македонскиот спорт.
Прославениот кошаркарски тренер Лазар Лечиќ, одбојкарската легенда Владимир Богоевски, некогашниот борач и селектор на нашата репрезентација Насе Насев, како и Борче Костовски, кој е предводник на нашата таеквондо репрезентација го добија „Медалот за заслуги“. Постхумно „Mедал за заслуги“ добие и Благоја Георгиевски Буштур, на церемонијата дојде неговиот син.