Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија со „Медал за заслуги“ ќе ги одликува нашиот прославен кошаркарски тренер Лазар Лечиќ, одбојкарската легенда Владимир Богоевски, некогашниот борач и селектор на нашата репрезентација Насе Насев, како и Борче Костовски, кој е предводник на нашата таеквондо репрезентација. Постхумно „Mедал за заслуги“ ќе добие и Благоја Георгиевски Буштур.
Одликувањето, како што информираат од Кабинетот на претседателот, се доделува на истакнати спортисти, великани и легенди кои оставиле траен белег на спортските терени и дале огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.