Перо Антиќ на тренинг на репрезентацијата за која настапува неговиот син (ФОТО)

2503

Македонската машка кошаркарска репрезентација почна со подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „А“, кое ќе се игра во нашиот главен град во периодот од 5. до 13. август.

На денешниот прв тренинг се појави дел од раководството на КФСМ на чело со претседателот, Перо Антиќ, кој ги поздрави кошаркарите и стручниот штаб. Она што доста интересно е што во составот на Македонија е неговиот најголем син, Лука Антиќ. Тој е член на Феникс, веќе долго време тренира кошарка, а неговата желба сигурно е да тргне по стапките на својот татко, кој засега е единствениот Македонец кој заиграл во НБА-лигата. Затоа за мотивот не се сомневаме.

Селекторот Александар Јованчев и неговите асистенти, Милош Нинковиќ и Тино Даневски ќе имаат доволно време да ги подготват момците за еверошампионатот.

ПретходноТиквеш го потврди трансферот на Михаилов!
СледноНдерим Неџипи од семејни причини го напушти Балкани, ќе биде нов спортски директор на Маниса!