Полјаци тврдат: Левандовски добил неморална понуда!

1672

Роберт Левандовски ја освои титулата во Ла Лига и титулата најдобар стрелец во ова натпреварување во првата сезона во Барселона. Тој постигна 23 гола на 34 првенствени натпревари, вкупно 33 гола со осум асистенции во 46 настапи за каталонскиот гигант.

И тој е една од европските ѕвезди кои добија понуда од Саудиска Арабија.
Според полските медиуми, Левандовски добил понуда да се пресели во лига во која веќе има многу европски фудбалски ѕвезди, како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Канте…Иако истата била навистина огромно богатство, без многу размислување ја одбил.

Наводно, на Левандовски му биле понудени 150 милиони евра по сезона. Откако на почетокот на минатата сезона му се оствари долгогодишната желба да се пресели во Барселона, Левандовски не ни помислува да го напушти клубот.

Да потсетиме, Левандовски по заминувањето од Полска многу успешно играше за Борусија Дортмунд (187 натпревари, 103 гола, 42 асистенции) и за Баерн (375 натпревари, 344 гола, 72 асистенции).

ПретходноЕкстра засилување за “романтичарите“: Работнички го промовираше Мурати!
СледноТиквеш го потврди трансферот на Михаилов!