Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во иднина ќе има нов селектор. По очајните резултати во квалификациите за ЕП, а особено поразот од Луксембург во Зеница, Хаџибегиќ ја загуби довербата кај раководството на тамошната федерација, но и на целата спортска јавност кај нас.
Она што на многумина им пречеше секако беше пристапот на Хаџибегиќ и некои непромислени изјави по неодамнешниот натпревар.
65-годишниот стручњак имаше два многу неуспешни мандати на клупата на Босна. Тој годинава ја предводеше репрезентацијата на четири натпревари и оствари една победа со три порази.
Впрочем, тој е еден од ретките и веројатно единствениот селектор кој двапати загуби од Луксембург – неодамна и пред три години како селектор на Црна Гора на мечот од Лигата на нации во Подгорица.