Српскиот шампион Црвена Звезда го потврди засилувањето на позицијата централен играч за врска, а се работи за Марко Стамениќ, кој е репрезентативец на Нов Зеланд. Тој доаѓа во редовите на поранешниот европски првак од Копенхаген како слободен фудбалер.
21-годишниот фудбалер со Звезда потпиша четиригодишен договор.
„Стамениќ уште зимоска потпиша договор, но сега е официјализиран договорот и од денеска има право да игра за Звезда. Тој е млад играч, минатата сезона одигра и четири натпревари во ЛШ во дресот на Копенхаген“, изјави спортскиот директор на Звезда, Митар Мркела.
Пред него Звезда промовираше четири нови играчи, голманот Омри Глазер, играчите за врска Едмунд Ада и Јован Шљивиќ како и напаѓачот Жан-Филис Красоа.