Сагата продолжува: Мбапе ќе си оди, но прво бара од ПСЖ 150 милиони евра!!!

848

Навистина оваа сага со Килијан Мбапе прераснува во нешто смешно. Имено како шо попладнево “Марка“ објави, откако го одбил ултиматумот на емирот од Катар, Килијан Мбапе е подготвен да си оди од “Паркот на принцовите“, но претходно треба ПСЖ да му испплати најмалку 150 милиони евра.

Тоа е услови на мајката на Мбапе која воедно е и негов менаџер.

Инаку овие пари Мбапе ги бара од причина што ако сега отиде во Реал Мадрид, а се шшекулира дека “кралевите“ за него треба да платат 250 милиони евра, тогаш тој ќе го загуби бонусот кој би го имал од Реал, а тој го добива само ако во Мадрид дојде како слободен играч. Тој бонус е 100 милиони евра, и тие 50 милиони евра колку што е неговата годишна плата, ете ги тие 150 милиони евра.

Јасно е дека ова на катарскиот емир нема да му се допадне, некој да го условува. Останува да се види како навистина оваа сага или сапуница ќе заврши.

И на крајот дали Реал навистина би дал сега 250 милиони евра за Мбапе ако во јуни би го земал како слободен играч со бонус од тие 100 милиони евра?

Секако дека на крајот одлуката е на Мбапе, кој на било кој начин добива финансиски.

ПретходноДарко Тасевски во стручниот штаб на Славија Софија
СледноМарио Крстовски потпиша за Домжале! (ФОТО)