И официјално УЕФА објави дека екипата на Осасуна е исфрлена од Европа, поточно од Лигата на Конференции каде што требаше да стартува од плеј – офот. Ова доаѓа поради вмешаност на клубот од Памплона во местење на натпревари во сезоната 2013/2014.
Од Осасуна истакнуваат дека казната е престрога и дека имаат намера да се жалат.
Доколу жалбата биде одбиена, а сигурно е дека ќе биде, тогаш место Осасуна, место во Европа ќе добие Атлетик Билбао.