Денеска од 17:30 во Горња Радгона (Словенија), требаше да се одигра пријателската средба меѓу Македонија ЃП и Марибор. Но сепак временските услово тоа не го дозволија, имаше премногу наврнато дожд и теренот беше поплавен, како што се гледа од фотографијата на теренот на кој што требаше да се игра овој меч.
Инаку ова за “лавовите“ требаше да биде контролен меч во текот на овие подготовки.