Шампионот на првата контрола одигра 2:2 против Балкани!

397

Екипата на Струга ТЛ во својот прв пријателски меч во текот на летните подготовки за настапот во квалификациите во ЛШ, денеска во Охрид одигра 2:2 против косовскиот првак тимот на Балкани.

Интересно е тоа што сите четири гола паднаа во првите 14.минута. Гостите од Косово поведоа со 0:2 уште во 3. и 5.минута, додека четата на стратегот Шпетим Дуро успеа прво да намали во 8.минута на 1:2, за да шест минути подоцна стигне до 2:2.

Во следните денови екипата на Струга ТЛ, како подготова за двомечот со Жалгирис во 1.квалификациско коло во ЛШ, ќе одигра пријателски со Тирана и Партизани и тоа во Подградец.

ПретходноФер плеј на годината!
СледноБилиќ веројатно ќе му биде тренер на Манев во Адана, Бенитез промовиран во Селта!