Јувентус размислува да му врачи отказ на Алегри

160

Јувентус е на пат да му даде отказ на тренерот Масимилијано Алегри, објави новинарот Маурицио Писточи. Според негови извори, во блиска иднина торинскиот клуб ќе започне да бара нов тренер за тимот.

Алегри се врати во Јувентус во мај 2021 година и потпиша договор до крајот на јуни 2025 година. Пред тоа, специјалистот веќе работеше во клубот од јули 2014 до јуни 2019 година.

Во сезоната 2022/23, „Старата Дама“ го освои седмото место во италијанското првенство со 62 бода во 38 натпревари што предизвика незадоволство и кај навивачите, особено од просечните настапи на тимот и во Серија А, а особено во европските натпреварувања.

ПретходноПендаровски ќе ги одликува Лечиќ, Богоевски, Насев… со „Медал за заслуги“
СледноЛенард го оперираше коленото, ќе биде „фит“ до стартот на сезоната