Дарко Тасевски во стручниот штаб на Славија Софија

208

Доскорешниот халф на Славија, Дарко Тасевски влегува во стручниот штаб на новиот тренер на „белите“ од Софија, Хосе Мари Бакеро. Тасевски ја прекина професионалната кариера на крајот на сезоната но ќе остане во редовите на софискиот тим како асистент на Шпанецот. Тој има лиценца од УЕФА за помошник-тренер.
Инаку поранешниот македонски репрезентативец одигра 55 меча во сите натпреварувања за Славија.

ПретходноКапитенот на Македонија У18 потпиша за Струга ТЛ
СледноСагата продолжува: Мбапе ќе си оди, но прво бара од ПСЖ 150 милиони евра!!!