Откако стана јасно дека сопственикот на ПСЖ му дал ултиматум да го продолжи договорот или да си замине, веќе почнаа да се пласираат информации во јавноста околу иднината на француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе. Дел од јавноста веќе почна да плете приказни за негово заминување во Реал (М) за сума од неверојатни 250 милиони евра.
Дел од информациите кои се пласираат во јавноста доаѓаа од навивачите на ПСЖ кои тврдат дека претседателот на Реал, Флорентино Перез наводно се договорил со претседателот на нивниот клуб за трансфер од 200 милиони евра, со бонус од 50 милиони евра. Веста ја спомена и инсајдерот Фабрицио Романо во едно радио гостување, но со дополнување дека за сето ова да се случи Реал ќе мора да ја активира откупната клаузула на фудбалерот, што во овој момент можеби изгледа неверојатно.
Ако сепак Реал и ПСЖ се договорат, Мбапе треба да потпише шестгодишен договор со „кралскиот клуб“, што ќе преставува вистинска „трансфер бомба“ ова лето.