Тимот на Тиквеш за следната сезона како засилување во средниот ред ќе го има Миле Тодоров. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, досега беше дел од тимот на Скопје, но сега се сели во Кавадарци.
Со ова Тиквеш решава едно од неколкуте отворени прашања за составот за следната сезона.
Тодоров ќе мора сепак, да почека на дебито за Тиквеш затоа што и во новата ПМФЛ сезона ќе ја „влече“ суспензијата од сега веќе минатата. Добиена поради црениот картон во бараж дуелот против Вардар, одигран токму во Кавадарци.