Многу подобра игра, но пораз за младинките во Дабас

82

Женската младинска репрезентација на Македонија го запиша вториот пораз на турнирот „Четири нации“, кој се одржува во Дабас. Во далеку подобра игра, избраничките на Јулијана Дамческа беа совладани со 26-21.

По 10-10 на одморот, Македонија дојде на плус два (14-12), нешто подоцна беше и 16-13. Од овој момент темпото почна да паѓа, Холандија направи пресврт, поведе со 17-18, а во последните десет минути целосно ја превзема контролата.

Најдобра во Македонија беше Марија Јанкуловска со пет гола, по четири постигнаа Бојана Коцева и Теодора Дукоска.

ПретходноРепрезентативец на Нов Зеланд ја засили Црвена Звезда
СледноМарселино и официјално ќе го преземе Олимпик Марсеј