Сан Антонио Спарс сосема очекувано го избраа Виктор Вембањама како прв пик на драфтот 2023. Овој сега речиси 225 см висок Французин е најочекуваниот прв пик на драфтот во НБа лигата по Леброн Џејмс, и стана првиот играч што Спарс го избраа како прв пик од 1997 година и изборот на Тим Данкан со кој освоија пет шампионски титули.
Шарлот Хорнетс го избра крилото Брендон Милер од Универзитетот во Алабама како втор пик, а Скут Хендерсон, за кој многумина велат дека би бил прв пик на повеќето драфтови, падна на третото место отиде во рацете на Портланд Трејл Блејзерс, кои се уште не е јасно дали ќе го задржат или ќе го разменат за некога веќе етаблирана ѕвезда.
Хјустон и Детроит ги избраа близнаците Амен и Аусар Томпсон како четврти и петти пик.
Синоќа за време на новиот НБА драфт беа направени и неколку трејдови, а Далас Маверикс учествуваше во два. Тие и го отстапија 10-от пик на Оклахома и го земаа нивниот 12-ти, со идно обештетување, и го добија 24-от пик од Сакраменто Кингс, а со нив ги избраа и најдобриот центар на генерацијата Дерек Лајвли и Канаѓанецот Оливие-Максенс Просперо.
Индијана и Вашингтон го разменија седмиот и осмиот избор, па Визардс ги добија правата на Билал Кулибали, уште еден млад Французин и соиграч на Вембањама во Мец 92. Во првиот круг не беа избрани Европејци.