Пендаровски ќе ги одликува Лечиќ, Богоевски, Насев… со „Медал за заслуги“

178

Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија со „Медал за заслуги“ ќе ги одликува нашиот прославен кошаркарски тренер Лазар Лечиќ, одбојкарската легенда Владимир Богоевски, некогашниот борач и селектор на нашата репрезентација Насе Насев, како и Борче Костовски, кој е предводник на нашата таеквондо репрезентација. Постхумно „Mедал за заслуги“ ќе добие и Благоја Георгиевски Буштур.

Одликувањето, како што информираат од Кабинетот на претседателот, се доделува на истакнати спортисти, великани и легенди кои оставиле траен белег на спортските терени и дале огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

ПретходноОчекувано: Сан Антонио го избраа Вембањама како прв пик на НБА драфтот
СледноЈувентус размислува да му врачи отказ на Алегри