По очајните резултати, селекторот на Босна доби „клоца“!

263

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во иднина ќе има нов селектор. По очајните резултати во квалификациите за ЕП, а особено поразот од Луксембург во Зеница, Хаџибегиќ ја загуби довербата кај раководството на тамошната федерација, но и на целата спортска јавност кај нас.

Она што на многумина им пречеше секако беше пристапот на Хаџибегиќ и некои непромислени изјави по неодамнешниот натпревар.

65-годишниот стручњак имаше два многу неуспешни мандати на клупата на Босна. Тој годинава ја предводеше репрезентацијата на четири натпревари и оствари една победа со три порази.

Впрочем, тој е еден од ретките и веројатно единствениот селектор кој двапати загуби од Луксембург – неодамна и пред три години како селектор на Црна Гора на мечот од Лигата на нации во Подгорица.

ПретходноЖељко Обрадовиќ му удри шлаканица на навивач (ВИДЕО)
СледноКарваљо од Ливерпул на позајмица во РБ Лајпциг