Тиквеш го потврди трансферот на Михаилов!

295

Филип Михаилов (24) од денеска и официјално е ново име во таборот на Тиквеш. Кавадарчани преку својот официјален ФБ профил, потврдија дека играчот за врска е нов фудбалер на Тиквеш.

Инаку Михаилов доаѓа од австрискиот клуб Маршвелд, каде настапуваше во последните шест месеци, претходно беше дел под Беласица, А. Пандев, Осогово, Хоризонт Турново.

Кавадарчани не мируваат во овој летен преоден рок, и тоа како се активни.

ПретходноПолјаци тврдат: Левандовски добил неморална понуда!
СледноПеро Антиќ на тренинг на репрезентацијата за која настапува неговиот син (ФОТО)