Александар Стојаноски на голот на Бутел Скопје!

149

Искусниот чувар на мрежата Александар Стојаноски во следната сезона ќе го брани голот на Бутел Скопје.

Стојаноски, кој потекнува од Струмица, настапуваше за Зомимак, Младост Богданци, Борец, Струга, Охрид, Јуниор КВ, Тиквеш и за босанската Искра Бугојно.

Има искуство од настапи во регионалната СЕХА лига и во европските купови.

„Чест и задоволство е да е носи дресот на Бутел Скопје, клуб што секоја година е во врвот на македонскиот ракомет. Клубот го краси одличната атмосфера, другарство и борбата на терен, па секој би сакал да дојде овде. Имаме одличен млад тим, а заедно со тренерот Горан Кузманоски кој е желен за работа и успеси, верувам дека сите заедно ќе напредуваме и ќе ја оствариме зацртаната цел на клубот, вели Стојаноски.

Претходно Бутел Скопје го ангажираше стратегот Горан Кузманоски, десното крило Дамјан Георгиев и левиот бек Лука Иваниќ, а соработките беа продолжени со Бојан Блажески, Кристијан Давитковски и Димитар Ѓоргиевски.

ПретходноФИФА го одложи изборот на домаќин на СП 2030
Следно„Меси Манија“ го зафати Мајами: Билет за дебито на Меси се продава за 10.000 долари!