Ал Хилал го купи Рубен Невеш за 55 милиони евра!

137

Уште еден фудбалер од Европа се сели во првенството на Саудиска Арабија.
Ал Хилал, рекордерот по шампионски круни во Саудиска Арабија го купи португалскиот репрезентативец Рубен Невеш од Вулверхемптон за 55 милиони евра.
Играчот стави потпис на договор до 2026 година. Ова е втор супер трансфер на Ал Хилал откако претходно го договори дефанзивецот Калиду Кулибали од Челзи.

А Вулверхемптон добро ќе си заработи од овој трансфер затоа што го купи Невеш во 2017 година за речиси 18,5 милиони евра, сега ќе си заработи од него три пати повеќе.

ПретходноПовторно со Меси! Шпанецот ја напушти Барса и отиде во Интер Мајами
СледноТонали во Њукасл – многу пари, многу солзи…