Боксерите без победа се враќаат од Европските Игри во Краков

135

Македонските боксери го завршија настапот на Европските игри во Краков, Полска. Денеска последната надеж ја имавме во Арјан Исени кој загуби уште во квалификациите во категоријата до 80 килограми од грчкиот боксер Михаил Цамалидис со 5:0.

Вчера првата рунда не успеаја да ја минат уште двајца наши боксери. Во категоријата до 57 кг. Ален Рустемовски загуби од Ибрахим Махмуд (Шведска) 1-4, додека во категоријата до 63,5 килограми, Илхан Озмен убедливо беше поразен од Џанлуиџи Малања (Италија) 0-5.

ПретходноЈа излажа Италија: Банкеро рече дека ќе игра за „аѕурите“, а сега прифатил место во тимот на САД
СледноИскусен лев бек од Албанија пред потпис со Струга ТЛ