Манчестер Сити е шампион на Англија и тоа по деветти пат во историјата, а седми пат откако имаат арапски газди. Од просечен англиски клуб, со помош на арапските пари, Сити стана гигант, порасна во моќен клуб кој сезонава го достигна европскиот врв освојувајќи го трофејот од ЛШ.
Од доаѓањето на Арапите во 2008 година па до сега низ Сити поминале многу фудбалери. Се дадоа многу пари, се очекуваше многу од нив, некои ја оправдаа довербата, некои тотално потфрлија. Еве дел од неуспешните трансфери на „Граѓаните“.
Шпански „АС“ објави своја листа на најлоши трансфери во кои се вклучени и играчи купени пред „арапската ера“ под водство на претходникот Таксим Шинаватра, а ние ги издвоивме оние трансфери после 2008 година (ЦЕЛИОТ СПИСОК ОВДЕ)
1. ЖО
Бразилецот дојде во Сити од ЦСКА Москва. И покрај високата сума која беше платена за него, тој не се задржа во Манчестер долго. Беше позајмуван во други клубови но никогаш не го достигна нивото кое се бараше од него.
2. СТЕФАН САВИЌ
Дојде во Сити во сезоната 2011/12 од Партизан. Помина една сезона на „Етихад“ со тоа што одигра само 11 натпревари. Беше продаден на Атлетико Мадрид.
3. РОКЕ САНТА КРУЗ
Дојде во Сити пред почетокот на сезоната 2008/09 од Блекбурн. Помина една и пол сезона и не си го пронајде местото во тимот. Одигра вкупно 640 минути низ 19 натпревари и постигна само 3 гола.
4. ФИЛИП КАИСЕДО
Напаѓачот исто така потфрли. Беше дел од Сити меѓу 2008 и 2011 година, се појави на 35 натпревари и постигна седум голови. Беше позајмуван во Спортинг, Малага, Леванте и во 2011 година продаден на Локомотив Москва за 7,5 милиони евра. Сити барем заработи нешто од него затоа што го купи Еквадорецот од Базел за 7 милиони евра.
5. ЏЕК РОДВЕЛ
Како талентиран фудбалер на Евертон и нов англиски репрезентативец во 2012 година направи трансфер во Сити каде што требаше да се развива. Но кариетата му тргна во спротивна насока. Иако остана две сезони во Сити одигра само 16 натпревари, го изгуби статусот на репрезентативец, па беше продаден во Сандерленд. Од неговото заминување од „Етихад“ не заигра повеќе за Англија.
6. ВИЛФРЕД БОНИ
Дојде во Сити во јануари 2015 година со огромно педигре. Фантастична сезона во Свонси и победа со БС Коска на Африканскиот куп на нациите. Дојде како најскап африкански фудбалери и тогашниот тренер Мануел Пелегрини му даде комплетна доверба. А тој постигна два гола во првата и четири во втората сезона.
7. СКОТ СИНКЛЕР
Дојде во Сити од Свонси во сезоната 2012/13. Беше дел од „граѓаните“ две сезони, во првата одигра 11 натпревари и постигна само два гола, во втората ниту еден.
8. МАИКОН
Во 2012 година Даглас Маикон дојде во Сити како позајмен од Интер. По освојување на тројна круна со „нероаѕурите“ дојде да му помогне на Сити во изградбата на тимот. Но не се снајде во премиерлигашкиот фудбал. Премногу киксови го чинеа губење на првотимскиот статус, а со тоа Сити не одлучи да го откупи неговиот договор.
9. РОБИЊО
Бразилецот дојде од Реал Мадрид. Во него беа вложени многу пари, се очекуваше да биде голема ѕвезда – предводникот на шампионскиот тим на Сити. Но се случи спротивното. Бразилецот не го достигна нивото кое се очекуваше – две сезони, вкупно 53 натпревари и 16 гола.
10. НОЛИТО
Дојде пред сезоната 2016/17. Шпанецот се прослави во Селта, се очекуваше да биде „џокер“ во нападот на Сити. Како и многумина и тој не се снајде во англискиот фудбал. Не се прилагоди на тимот и по една сезона си замина (во Валенсија). Одигра 19 меча и постигна четири гола.