Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ освоија важни титули во нивните спортови на само неколку дена разлика. Едниот го освои Ролан Гарос и дојде до 23. Грен слем, а другиот првпат во историјата стигна до НБА титулата. Тие ја израдуваа нацијата со своите успеси. По сето тоа Ноле објави интересна фотографија.
Српскиот тенисер на својот Инстаграм профил објави слика, односно цртеж на кој двајцата се возат на кочија, а одзади се гледаат три пехари, од Ролан Гарос, трофејот во НБА лигата и наградата за МВП на финалето што ја доби Никола. Има и стар касетофон од кој се слуша музика. Покрај сето тоа, Ноле стави само неколку смајли со српското знаме, пехар, тениско и кошаркарско топче и картичката „Џокер“, бидејќи тоа е прекарот што и двајцата го делат.