Клајверт ќе ја спасува кариерата во Борнмут

154

Холандскиот фудбалер Џастин Клајверт е нов фудбалер на Борнмут, а премиерлигашот за неговите услуги и плати на Рома 9,6 милиони фунти. Тој е првото засилување на Борнмут откако на клупата седна новиот тренер Андони Ираола.
Џастин е син на поранешниот холандски репрезентативец и легендарен играч на Ајакс, Патрик Клајверт. Џастин минатата сезона играше како позајмен во Валенсија меѓутоа тотално разочара. Сите го отпишаа, му предвидуваа дека нема капацитет да игра во голем клуб. Сепак, Борнмут му даде рака и тој ќе проба во една од најсилните европски лиги.
Клајверт со Борнмут потпиша петгодишен договор.

ПретходноГи одби ПСЖ, Лајпциг и Милан, а го одбра Интер
СледноЧелзи одби 50+5 милиони фунти за Маунт, бара повеќе