Мајами сака да го трејдува Хиро, Лавињ одбива да се пресели во Њујорк

254

Мајами ќе ги разгледа опциите за трејд на 23-годишната ѕвезда на тимот, Тајлер Хиро. Како што објави инсајдерот Џејк Фишер , четиригодишниот договор на Хиро вреден 120 милиони долари стапува на сила ова лето, но Мајами е подготвен да направи размена.

Моментно раководството на „Хит“ гиследи настаните на пазарот пред да повлече конкретен потег.

Зак Лавињ од Чикаго и неговите претставници јасно им ставија до знаење на раководството на клубот дека играчот не сака да ја продолжи кариерата во Њујорк. Лавињ не е заинтересиран да замине во Њујорк само поради претседателот на Никс, Леон Роуз, со кој нема добар однос.

Претходно беше објавено дека Чикаго ја проценува пазарната вредност на Зак. Лавињ има уште четири сезони од договорот вреден 215 милиони долари.

ПретходноЃорческа и Стоилковска пресреќни: По ланскиот пораз сега мораше да победиме!
СледноРаботнички го продаде младиот Фетаи во Локомотива Загреб