„Меси Манија“ го зафати Мајами: Билет за дебито на Меси се продава за 10.000 долари!

202

Лионел Меси се очекува да дебитира за својот нов тим на 21 јули кога Интер Мајами ќе се сретне со Круз Азул. Како што изјави за американските новинари, Хорхе Мас, акционер во клубот, владее вистинска еуфорија за билети за овој дебитантски меч на Меси во дресот на клубот од МЛС лигата.

Веста дека носителот на 7 „Златни топки“ ќе игра во МЛС, ги натера Американците да ги купат сите билети до крајот на сезоната. На пример, за натпреварот следниот месец, кој може да биде прв натпревар на Аргентинецот во Интер Мајами, најевтиниот билет е 100 долари, додека место во ВИП зоната поблиску до теренот, достигнува и до 10.000 долари.

Пред да се објави трансферот на Лионел Меси, цената на билетот за тимот на Дејвид Бекам се движеше меѓу 22 и 50 долари.

ПретходноАлександар Стојаноски на голот на Бутел Скопје!
СледноИзненадување на „Олд Трафорд“: Славната „седмица“ ќе добие неочекуван сопственик!